понеделник, 8 декември 2025

Три причини зошто Галакси З флип7  го сакаме повеќе од обичен телефон

Ако ви се чини дека сите телефони станале исти – големи, рамни, тогаш Galaxy Z Flip7 донесува вистинско освежување. Неговиот преклопен дизајн го менува начинот на кој го користите телефонот во текот на денот, а притоа донесува и неколку функции што се едноставно попрактични од оние кај класичните паметни телефони.

 

Објавено на

часот

Сподели

Компактен и подготвен за секоја ситуација

Кога е склопен, Flip7 зазема двојно помалку простор од обичен телефон. Можете да го носите во предниот џеб од фармерките, во мала торбичка или дури само во дланка. Тежи околу 188 грама, па речиси и нема да го почувствувате во текот на денот. Изработен е од цврста аrmor алуминиумска рамка, со Gorilla Glass Victus 2 заштита, а има и IP48 отпорност на вода, што значи дека може да издржи потопување во свежа вода до 1,5 метри длабочина во траење од 30 минути.

Надворешен екран што штеди време

Големиот 4,1-инчен Super AMOLED надворешен екран овозможува да проверувате пораки, одговарате на повици, менувате песна или направите фотографија – без да го отворате телефонот. Може да додадете и виџети по желба, како временска прогноза, календар или брзи белешки. Кога ќе го отворите, ве пречекува 6,9-инчен Dynamic AMOLED 2X внатрешен екран со 120 Hz освежување и максимална осветленост од 2.600 нита, што значи јасна слика и под силно сонце.

Камера што отвора нови можности

Z Flip7 има двојна задна камера: 50 MP главна и 12 MP ултраширока, како и предна камера од 10 MP. Преклопниот механизам овозможува да го поставите под речиси секој агол – за влог без држач, видео повик без потпирање на предмет или групна фотографија со свој статив.

Иако практичноста е главната причина зошто ќе го цените, тешко е да се игнорира оној мал момент на задоволство секој пат кога ќе го отворите или затворите со еден потег. Тоа е детал што брзо станува дел од секојдневната рутина.

Galaxy Z Flip7 не е само различен по изглед, туку и по тоа како се вклопува во секојдневниот живот. Со моќен Exynox 2500 процесор, 12 GB RAM и батерија од 4300 mAh со брзо полнење, подготвен е да издржи цел ден, а притоа внесува многу забава и флексибилност во секоја ситуација. Откако еднаш ќе се навикнете на преклопниот формат, тешко е да се вратите на стар, рамен телефон.

Безбедност на највисоко ниво

Важно е да се напомене дека Samsung Knox се грижи за вашата приватност да биде максимално заштитена. Нема потреба да се грижите за чувствителните податоци кои ги внесувате бидејќи се шифрирани и заштитени. Samsung го поставува стандардот за безбедност на своите уреди, така што твоите лични информации се секогаш безбедни.

Ако се уште се прашувате за AI функциите кои овој уред може да ви ги пружи, преку апликацијата Try Galaxy, можете да го испробате Galaxy Z Flip7 на вашиот постоечки уред пред да ја донесете конечната одлука. Искористете ја оваа можност и уверете се како овој врвен мал телефон на преклоп може да го подобри вашиот живот со своите неверојатни карактеристики и иновации.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ