Сите го знаеме тоа ужасно чувство што доаѓа кога ќе заборавиме зошто влеговме во собата и што требаше правиме. Оваа секојдневна појава конечно е објаснета, и не грижете се – таа е сосема нормална.
Кристијан Џарет, когнитивен невролог и автор, објасни за Би-би-си Научен Фокус дека она што сите го доживуваме се нарекува „ефект на врата“.
Терминот се користи за чувството кога луѓето забораваат за што всушност и каде тргнале кога ќе влезат во нова просторија.
„Не плашете се, не сте единствени кој го доживеале ова вознемирувачко искуство“, изјави Џарет.
Феноменот познат како „ефект на врата“ се јавува затоа што нашиот мозок сака да ги дели активностите и информациите врз основа на контекстот на околината.
Кога се движиме од соба во соба, за мозокот, вратата е метафорична граница помеѓу овие контексти. Тогаш мозокот сака целосно да го ресетира или ажурира своето сегашно разбирање за новата средина.
Џарет, исто така, истакна дека тимот на Универзитетот во Квинсленд дополнително го истражувал ефектот на врата.
„Тие открија дека поминувањето низ врата што поврзува идентични простории во голема мера не влијае на меморијата – можеби затоа што немало доволно промена на контекстот за да се создаде значајна граница на настанот“, рече тој.
Тој потоа додаде дека „само кога истражувачите им го одвлекувале вниманието на волонтерите со истовремена секундарна задача, отворите меѓу идентичните простории влијаеле на меморијата“.
„Тимот од Квинсленд рече дека ова одговара на секојдневното искуство затоа што, генерално, кога сме расеани, имаме тенденција да влеземе во соба и да заборавиме за што дојдовме“, вели тој.
Џарет додава дека студијата покажува дека „ефектот на врата“ е уште позначаен кога има големи промени во контекстот – на пример, ако одите од дневната соба во градината.
Неврологот рече дека „новите резултати укажуваат и на потенцијален лек“, а тоа е „да се обидете да останете фокусирани на целта кога влегувате низ вратата“, пренесува Лед Бајбл.
Иако тоа може да звучи како премногу работа, Џарет предлага наместо тоа да можете „секогаш да запишете што ви треба“.
„Јас лично ја користам апликацијата „Белешки“ на мојот телефон за да ги евидентирам моите обврски. Но, дури и со сето тоа запишано, понекогаш сè уште не знам зошто одам во кујната да го барам далечинскиот управувач за телевизорот“, заклучил тој.