среда, 9 април 2025

Третото продолжение на Аватар воведува нови непријатели на Пандора (ВИДЕО)

Следниот дел од филмската франшиза „Аватар“ ќе претставува нов предизвик за семејството Сали на Месечината Пандора, изјави режисерот Џејмс Камерон додека Волт Дизни ги прикажа првите снимки од филмот во четвртокот.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Аватар: Оган и пепел“ треба да се појави во кината во декември, продолжувајќи ја сагата за сините луѓе Нави.

Сем Вортингон повторно го толкува ликот на Џејк Сали, а Зои Салдања ја игра неговата сопруга Нејтири.

Камерон зборуваше за филмот преку видео врска на конвенцијата СинемаКон – собир на сопственици на кино сали во Лас Вегас.

Семејството Сали „навистина помина низ многу“ во ова ново продолжение, изјави Камерон од Нов Зеланд, каде што ја завршува работата на филмот.

„Тие не се соочуваат само со човечки освојувачи, туку и со нови непријатели – народот Еш“, рече тој.

„Ви испраќам краток клип за да го почувствувате духот на спектаклот и дополнителната емотивна длабочина на филмот“, додаде Камерон.

Синџирите на кино сали со нетрпение го очекуваат излегувањето на следниот „Аватар“. Првиот дел сѐ уште се смета за филм со најголема заработка во историјата на кинематографијата, додека вториот дел е на третото место.

Оваа година, вкупната продажба на билети за кино во Соединетите Американски Држави и Канада е намалена за 11 отсто во однос на минатата година.

„Се надевам дека овој филм ќе биде поттик за сопствениците на кино салите“, рече Камерон. „Сè уште закрепнуваме од ударот на пандемијата и порастот на услугите за стриминг“.

Зои Салдања лично се појави на СинемаКон и откри дека филмот ќе ги претстави и „трговците со ветер“ – мирен, номадски клан кој патува низ воздухот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ