недела, 8 јуни 2025

ТикТок воведува алатка за конвертирање фотографии во видеа со помош на вештачка интелигенција

Компанијата ТикТок претстави нова алатка базирана на вештачка интелигенција наречена „ВИ Жива“ – (AI Alive), која им овозможува на корисниците да ги претвораат статичните фотографии во кратки видеа со едноставно внесување текст.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Оваа опција се користи преку камерата на ТикТок Стори и како што наведува компанијата, станува збор за „интелигентна алатка за уредување“ што им овозможува на корисниците – без оглед на претходното искуство – да додаваат движење, атмосфера и креативни ефекти на своите фотографии.

Корисниците внесуваат текстуален опис на посакуваното видео, а ТикТок нуди стандарден предлог: „оживеј ја оваа фотографија“

Обработката трае неколку минути, додека самото видео вообичаено трае само неколку секунди, пренесува порталот Верџ.

Сепак, алатката моментално има ограничувања – на пример, не успеа да трансформира фотографија од мачка во аниме сцена и покрај јасните упатства.

ТикТок тврди дека во системот се вградени безбедносни мерки, вклучувајќи автоматско модерирање на слики, текст и финалното видео пред содржината да стане видлива за авторот.

Доколку корисникот одлучи да објави видео во формат „Стори“, следува последна безбедносна проверка. Видеото исто така ќе биде означено како генерирано од вештачка интелигенција и ќе содржи метаподатоци за Ц2ПА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ