Студија на јужнокорејски тим, заснована на повторна анализа на податоците за супернови, сугерира дека забрзувањето на ширењето на вселената се забавува, пренесува Би-би-си.
Професорот Јонг Вук Ли од Универзитетот Јонсеј во Сеул и неговиот тим повторно се навратија на податоците за суперновите кои пред 27 години за првпат укажаа на постоењето на темната енергија.
Dark energy just got even weirder and why the Universe may end in a ‘Big Crunch’ https://t.co/GXgEPGSB1O
— BBC News (UK) (@BBCNews) December 28, 2025
Наместо овие ѕвездени експлозии да ги третираат како објекти со иста стандардна сјајност, тие ги прилагодија податоците според староста на галаксиите од кои потекнуваат и ја пресметаа нивната вистинска светлина.
Оваа корекција покажа дека темната енергија не само што се менувала со текот на времето, туку и дека забрзувањето на ширењето на вселената се забавува.
Во таков случај, како што наведуваат авторите, гравитацијата во далечната иднина повторно би можела да надвладее, доведувајќи до сценарио познато како „Голема компресија“, во кое галаксиите повторно би се приближиле една кон друга.
Овие наоди се надоврзуваат на резултатите од Спектроскопскиот инструмент за темна енергија (Деси), кој претходно оваа година забележа можни промени во забрзувањето на милиони галаксии, отстапувајќи од стандардниот космолошки модел според кој темната енергија е константна.
Mind-Blowing Astronomy Facts 🌀
The universe’s expansion is accelerating due to dark energy, which makes up ~68% of everything. Our best theories predict its strength wrong by a factor of 10^120 — the largest discrepancy in physics. pic.twitter.com/42lEfG8mSO
— Hodgepodgery /s 🙃 (@TaylorChar83070) December 27, 2025
Според зборовите на научниците вклучени во проектот, ваквите податоци укажуваат на потреба од нови теориски објаснувања.
„Судбината на вселената ќе се промени. Ако темната енергија не е константна и ако слабее, тоа ја менува целата парадигма на модерната космологија“, изјави професорот Ли за Би-би-си.
Ако, како што сугерираат резултатите на Ли, силата што ги раздвојува галаксиите – темната енергија – почне да слабее, една од можностите е таа да стане толку слаба што гравитацијата повторно ќе почне да ги привлекува галаксиите една кон друга.
„Наместо вселената да заврши со Голем распад, Голема компресија станува можност. Кој исход ќе надвладее зависи од вистинската природа на темната енергија, на која сè уште немаме одговор“, вели професорот Ли.
Сепак, бројни астрономи изразуваат скепса кон овие заклучоци, предупредувајќи дека забележаните ефекти би можеле да бидат последица на несигурности во мерењата и на сложените карактеристики на суперновите.
Мислењето што преовладува сè уште е дека вселената се шири брзо со речиси константна темна енергија.
И покрај поделените мислења, истражувањето дополнително поттикна интензивна научна дебата за вистинската природа на темната енергија и долгорочната судбина на вселената, една од клучните теми на модерната космологија.






