вторник, 9 декември 2025

Тејст Атлас ги открива најдобрите кујни и јадења во светот за 2025 година

Тејст атлас (Taste Atlas – Атласот на вкусовите), светската енциклопедија за храна и вкусови, ја објави својата годишна листа на најдобри кујни и јадења.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Најдобрата кујна во светот годинава е италијанската, со просечна оцена 4,64. Втора е грчката (4,60), а трета од Перу (4,54). Резултатот годинава се заснова на 590.228 оценки за 16.357 јадења.

Десетте најдобри кујни во светот за 2025/2026:

  • Италија (4,64)
  • Грција (4,60)
  • Перу (4,54)
  • Португалија (4,53)
  • Шпанија (4,53)
  • Јапонија (4,49)
  • Турција (4,49)
  • Кина (4,48)
  • Франција (4,48)
  • Индонезија (4,48)

Заедно со топ листата на 100-те најдобри кујни во светот, беа објавени и 100-те најдобри јадења во светот. За најдобро јадење беше прогласена парагвајската супа Вори-Вори со оценка од 4,64. Вори-Вори е густа жолтеникава супа со кнедли направени од пченкарно брашно и сирење.

Десет најдобри јадења во светот:

  • Вори-Вори – Парагвај (4,64)
  • Пица Наполетана – Италија (4,58)
  • Таџарин ал Тартуфо Бјанко д’Алба – Италија (4,52)
  • Сате камбинг – Индонезија (4,52)
  • Џаѓ ќебап – Турска (4.51)
  • Контосувли – Грција (4.51)
  • Аро тападо – Перу (4.50)
  • Комплет лепиња – Србија (4.50)
  • Такос од Бирија (Кесабирија) – Мексико (4,49)
  • Папарделе со дива свиња – Италија (4,47)

Најдобри јадења по категорија

Прогласени се и најдобрите јадења по категории. Наведеното парагвајско Вори-Вори е победник во категоријата супи. Грција слави во повеќе категории. Меѓу другото, има најдобро сирење – Гравиера Наксу, најдобра салата – Дакос и најдобро јадење со свинско месо – Контосувли.

Бразил го има најдоброто јадење со говедско месо – Фралдина, Јужна Кореја го има најдоброто јадење со живина – Чикин, Италија ги има најдобрите тестенини – Таџарин ал тартуфо, Бјанко д’Алба, Јапонија ги има најдобрите тестенини – Рамен во стилот на Јокохама, Турција го има најдобриот сендвич – Томбик донер…

Најдобри гастрономски региони

Кампања, Италија (4.47)

Емилија-Ромања – Италија (4,45)

Крит – Грција (4,42)

Сицилија – Италија (4,42)

Егејска Македонија – Грција (4,41)

Киклади – Грција (4,41)

Тоскана – Италија (4,41)

Пелопонез – Грција (4,40)

Алентехо – Португалија (4.40)

Северен Егеј – Грција (4,38).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ