петок, 5 декември 2025

Светски ден на турското кафе

Турската агенција за развој на туризмот соопшти дека денес се одбележува Светскиот ден на турското кафе, кое е на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО од 2013 година, а од оваа година е првото „традиционално име на производ“ од Турција што е официјално регистрирано во Европската Унија.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Турското кафе има историја подолга од 500 години и пристигнало во Отоманското царство преку Јемен во 16 век, се вели во соопштението.

Откако ја забележале неговата сè поголема популарност, трговците почнале да пренесуваат зрна кафе преку границите, па така турското кафе стигнало и до Европа, поставувајќи ги темелите на европската култура на кафе.

Нудењето турско кафе е безвременски гест на гостопримство и топлина, најдобро опишан со поговорката: „Шолја кафе обврзува на 40 години пријателство“, соопшти агенцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ