„Целото наше тело е составено од храната што ја јадеме, и тоа е единствениот начин да добиеме нови компоненти што ќе ги поттикнат нашите клетки да се менуваат секој ден и да ги градат нашите тела“, изјави Стефани Дан, регистриран диететичар-нутриционист.
Тоа, исто така, ја вклучува и кожата на усните. Специфични витамини и минерали, вклучувајќи ги витамин Б, цинк и железо, се неопходни за одржување на здрава кожа. Кога не внесувате доволно од овие хранливи материи, често можете да ги препознаете знаците на усните бидејќи кожата таму е многу потенка отколку на другите делови од вашето тело и лице.
Витамини од групата Б
Комплексот на витамин Б се однесува на осум витамини растворливи во вода: Б1 (тиамин), Б2 (рибофлавин), Б3 (ниацин), Б5 (пантотенска киселина), Б6 (пиридоксин), Б7 (биотин), Б9 (фолат или фолна киселина) и Б12 (кобаламин). Недостатокот на витамини од групата Б, особено Б12, Б9 и Б2, е поврзан со ангуларен хеилитис. Оваа воспалителна состојба на кожата предизвикува пукнатини во аглите на устата.
Железо
Недостатокот на железо (анемија) може да доведе и до аголен хеилитис, состојба на испукани усни. Недостатокот на железо може да влијае на обновата на клетките, особено во аглите на устата, предизвикувајќи истенчување на ткивото. Тенкото ткиво е подложно на прекумерен раст на бактерии и габи, што доведува до аголен хеилитис.
Цинк
Овој минерал можеби е познат повеќе по својата улога во имунитетот, но влијае и на кожата бидејќи е важен за нејзино обновување и регенерација. Недостатокот на цинк може да доведе и до опаѓање на косата, промена на бојата и испакнати нокти.






