петок, 11 јули 2025

Сувенири од Наполеон продадени за повеќе од 10 милиони долари

Голема колекција уметнички дела и куриозитети поврзани со Наполеон Бонапарта, вклучувајќи и една од неговите култни шапки со два рога, е продадена во Париз за повеќе од 10 милиони долари, соопшти аукциска куќа.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

„Сотби’с “ соопшти дека првично процениле дека повеќе од 110 предмети од сувенири на Наполеон што ги продале во средата вредат околу 7 милиони долари.

Меѓу предметите понудени на аукција биле познати слики од францускиот император од 19 век, позлатен царски мебел и копија од венчалниот лист помеѓу Наполеон и неговата сопруга Жозефина.

Реликвии поврзани со Наполеон редовно се продаваат на аукции во Франција, а трговијата е обележана со голем интерес кај колекционерите, според ФЕНА.

Големата колекција го вклучуваше и првиот тестамент на Наполеон напишан додека бил во егзил на атлантскиот остров Света Елена, како и мечот и жезолот што се користеле за неговото крунисување во познатата катедрала Нотр Дам во Париз во 1804 година.

Наполеон бил протеран во Света Елена во 1815 година по неговиот пораз од Британците во битката кај Ватерло. Тој починал таму шест години подоцна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ