вторник, 24 февруари 2026

Супер-препознавачи способни да откријат човечко лице генерирано од вештачка интелигенција

Луѓето со способност да идентификуваат и разликуваат лица генерирани од вештачка интелигенција (ВИ) од вистински човечки лица, таканаречени супер-препознавачи, успешно идентификувале физиономии генерирани од вештачка интелигенција во повеќе од 57 проценти од случаите, според студија објавена во Британски журнал за психологија.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Истражувачи од Универзитетот во Нов Јужен Велс во Сиднеј и од Австралискиот национален универзитет откриле дека супер-препознавачи се луѓе со посебен талент кои се способни да запомнат лице по многу кратко време, објави германското списание Шпигел.

Беше спроведен онлајн тест со 125 учесници, вклучувајќи 36 супер-препознавачи на кои им беа прикажани слики од лица и со прашање дали тоа се лица на вистински луѓе или се генерирани од вештачка интелигенција.

Резултатот покажа дека супер-препознавачите беа во просек 35 проценти подобри во препознавањето на слика генерирана од вештачка интелигенција од обичните луѓе.

Едно објаснување за успехот на супер-препознавачите беше набљудувањето на шема дека сликите генерирани од вештачка интелигенција често покажуваат типични црти на лицето на кои им недостасуваат уникатни лични карактеристики, што се доживува како неприродно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ