Истражување засновано на податоци од 38 земји и Соединетите Американски Држави, кои се анализираат посебно поради различна база на податоци и подетални резултати, покажува дека луѓето кои работат од дома барем еден ден во неделата имаат повеќе деца и почесто планираат проширување на семејството.
Ефектот е уште поизразен кај паровите каде што двајцата партнери работат од далечина.
Во ваквите домаќинства, просечниот број на деца во текот на животот се зголемува за околу 0,32 деца по жена на глобално ниво, односно за 0,45 во Соединетите Американски Држави.
На национално ниво, работењето од дома веќе има мерливо влијание.
Во Соединетите Американски Држави, тоа сочинува околу 8,1 процент од вкупната стапка на наталитет, што е приближно 291.000 родени бебиња годишно, покажуваат податоците за 2024 година.
Главната причина е поголема флексибилност – работа од дома овозможува полесно усогласување на работата и грижата за децата.
Најголем ефект се постигнува со само еден ден работа од дома неделно, додека дополнителните денови носат помала корист.
Застапеноста на работа од далечина значително варира меѓу државите. Тaa е повисока во земји како Канада, Велика Британија и Соединетите Американски Држави, додека е пониска во Јапонија и Јужна Кореја, што значи дека овие земји би можеле да остварат раст на наталитетот преку проширување на таквите модели на работа. Истражувањето сугерира дека владите би можеле го користат работењето од дома како алатка за борба против падот на наталитетот, со вложувања во инфраструктура како брз интернет и флексибилно работно време.
Во некои случаи, ефектот од работата од далечина врз стапката на наталитет е споредлив или дури и поголем од владините инвестиции во грижата за децата, според веб-страницата на Ифо.
Сепак, авторите забележуваат дека се потребни дополнителни истражувања, бидејќи резултатите може да бидат под влијание на социјалните и културните разлики, но заклучуваат дека ширењето на работата од дома веќе придонела за зголемување на стапките на наталитет по пандемијата.






