Во својата студија „Последните денови на Микеланџело“, Салерно го реконструирала последниот период од животот на уметникот споредувајќи документи од италијански и странски архиви, објави Анса.
Таа открила дека Микеланџело не ги уништил скиците и скулптурите во својот римски дом како што претходно се верувало, туку им ги доверил на своите ученици и пријатели да ги чуваат на тајна локација.
Еден од пронајдените документи опишува постоење на соба во која биле скриени толку скапоцени добра што бил потребен систем од повеќе клучеви за да се отворат.
Според експертите, просторијата е празна повеќе од 400 години.
Резултатите од истражувањето беа поддржани од експерти од Латеранската црква и базиликата Свети Петар, а трагите беа потврдени и на аукција во Кристи во Лондон, каде што беше продадена скица за постаментот на Либиска Сибила.






