понеделник, 8 декември 2025

Студент дизајнирал очила за поспани возачи

Ибрахим Бала, студент од Нигерија дизајнирал очила што им помагаат на возачите кои се поспани.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Бала, студент на универзитет кој сака да најде решение за сообраќајните несреќи кои секоја година одземаат стотици животи во Нигерија, дизајнирал очила што го предупредуваат возачот со звучен сигнал ако заспие на воланот.

Со уредот што го развил, 22-годишниот Бала го освоил второто место на технолошки натпревар кој се одржал за студенти во државата Кано.

Бала рече дека особено сака да најде решение за сообраќајните несреќи предизвикани од возачи на камиони и автобуси кои патуваат со часови без одмор.

Очилата се опремени со сензор за движење што ги следи очните капаци на носителот.

Нормално е трепкањето да трае помеѓу 100 и 400 милисекунди, а доколку очилата откријат дека трае подолго од тоа, се вклучува аларм за да го разбуди возачот.

Според Арева Агенда, Ибрахим е фасциниран од иновациите уште од петгодишна возраст и верува дека овој изум е само почеток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ