среда, 16 април 2025

Стивен Спилберг има правило кое мора да го почитуваат сите актери кои работат со него

Стивен Спилберг е трикратен оскаровец и режисер на филмови како Шиндлеровата листа, Спасување на војникот Рајан, Паркот Јура и Ајкула, има само еден клучен услов за актерите кои сакаат да работат со него: да нема плаќање однапред, пренесува Индекс.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Спилберг бара од своите ѕвезди да се обложат – односно да преземат дел од ризикот со него кога станува збор за успехот на филмот. Наместо вообичаените големи хонорари што многумина ги бараат пред да започне снимањето, тој инсистира дека заработката зависи исклучиво од тоа колку заработува филмот. Тој вели дека и самиот работи на ист начин:

„Немам земено режисерска плата 18 години. Ако филмот не заработува, не заработувам ниту јас. Ги имам истите очекувања од актерите“, објасни тој.

Кога ја прифатил улогата во филмот Малцински извештај, Том Круз се согласил со овие правила. „Тој не доби никаков аванс, ниту му беа гарантирани пари ако филмот не се одвива добро“, изјави Спилберг еднаш за Хералд Нов Зеланд.

Том Хенкс го направил истото во Спасување на војникот Рајан, подоцна, благодарение на процентот од заработката, собрал значителна сума на пари.

„Повеќето мои филмови немаат ниту актерски ѕвезди. Но, на оние кои сакаат да работат со мене, веднаш им кажувам јасно: ако јас ризикувам – ризикувајте и вие“, истакна тој.

Многумина сметаат дека тоа не е некој голем ризик, со оглед на тоа што Спилберг е режисер чии филмови ги одбележаа седумдесетите, осумдесеттите и деведесеттите.

За споредба, режисерот Кристофер Нолан има сосема поинакво правило: забранува столчиња на снимање!

Актерката Ен Хатавеј еднаш изјави дека неговиот став е многу јасен: „Ако луѓето имаат столчиња – седат.  Ако седат – не работат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ