понеделник, 8 декември 2025

Стивен Кинг откри зошто ги мрази филмовите за суперхерои

Како и многу големи имиња од Холивуд, тој исто така критички зборуваше за жанрот кој со децении доминира на кино благајните и носи приходи од милијарди долари. Иако филмовите од овој тип често се предмет на поделба, публиката сепак верно ги следи.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Кинг објасни дека му пречи начинот на кој филмовите за суперхерои го прикажуваат насилството.

„Ако ги погледнете тие филмови за суперхерои, ќе видите некој негативен лик како уништува цели градски блокови, но никогаш нема да видите крв. Човече, тоа е погрешно. Тоа е речиси како порнографско“, изјави тој за Тајмс, според списанието Фар Аут. Со тоа, тој сака да нагласи како последиците од насилството се претставени површно, без навистина да се соочат со нив.

Тој, исто така, се осврна на сопственото искуство со филмските адаптации на неговите дела, наведувајќи го примерот на „Долга прошетка“. „Реков, ако нема да го прикажете, не се мачете“, истакна тој. Резултатот, според него, бил прилично брутален филм, што за него било поважно и поискрено отколку ублажување на сцените за да бидат „поприфатливи“.

Кинг заклучува дека жанрот е полн со урнатини, големи експлозии и негативци кои ги повторуваат истите монолози, но без никаков вистински приказ на насилство.

Иако многумина не би ги поврзувале филмовите за суперхерои со терминот „порнографски“, тој смета дека токму поради игнорирањето на вистинските последици од насилството, овие филмови имаат повеќе сличности со тој опис отколку што изгледа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ