вторник, 20 мај 2025

Стар компјутер Комодоре 64 успеа да комуницира со ЧетГПТ

Стар компјутер Комодоре 64, кој беше популарен во осумдесеттите години на минатиот век, успеа да комуницира со вештачката интелигенција ЧетГПТ, за време на фестивал на игри (гејмерски фестивал) во Италија.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Компјутерската комуникација е остварена за време на 11-тото издание на фестивалот „Луди Кастело“, кој се одржува во ренесансните простории на палатата Вители во Сан Џакомо, пренесува Анса.

„Тоа беше демонстрација на интернет конекција преку стар К64 поврзан со мрежен кабел“, изјави ИТ техничарот Фабио Антими преку порака од општината Чита ди Кастело.

Тој рече дека постои и можност за интеракција со ЧетГПТ, со пишување одредени прашања или барања од тастатурата, на што вештачката интелигенција одговара со прикажување на бараните информации на екранот, во реално време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ