Научниците биле на експедиција на гребенот Токелау во архипелагот на Феникиските Острови (ексклузивна економска зона на САД), кога наишле на овој ретко виден и слабо проучен вид.
„Поголемиот дел од информациите што ги имаат научниците за ова суштество доаѓаат од примероци пронајдени во стомаците на предатори кои го јаделе“, соопшти Институтот.
Стаклените октоподи живеат во отворениот океан и можат да достигнат вкупна должина од 45 сантиметри. Овие необични суштества го должат своето име на нивното проѕирно тело, кое е речиси целосно проѕирно, како стакло.
„Името го добива поради неговата способност да биде речиси целосно транспарентен. Неговите хроматофори (клетки што произведуваат камуфлажна боја, кои овде се гледаат како жолти точки) се видливи на дел од сликата“, соопшти институтот.
Како што истакнуваат, единствените делови од октоподот кои не се проѕирни се оптичкиот нерв, очните јаболка и дигестивниот тракт.
Во последните денови на интернет повторно почна да се шири видео од овие речиси проѕирни цефалоподи со вонземјански изглед. Иако е старо неколку години, не престанува да ги шокира и воодушевува луѓето.