Проблемот, сепак, е тоа што Трамп нема апсолутно ништо со тој успех, пренесува Спејс Експлорд.
Јапонската вселенска агенција JAXA минатата недела го лансираше своето вселенско летало ХТВ-Икс на ракета Х3. Дефи, вршител на должност шеф на НАСА, на Икс сподели соопштение на JAXA за тоа со коментар:
„Пресвртница за унапредување на визијата на ПОТУС (акроним што значи претседател на Соединетите Американски Држави) за глобално лидерство во вселената. Јапонскиот товарен вселенски брод ХТВ-Икс1 беше успешно лансиран на ракета Х-3 од Танегашима со клучни залихи за нашиот екипаж на Меѓународната вселенска станица.“
A milestone to advance @POTUS’ vision for global space leadership!
Japan’s HTV-X1 cargo spacecraft successfully launched aboard an H-3 rocket from Tanegashima carrying vital supplies for our @Space_Station crew. https://t.co/rrVzM6gU4H
— NASA Acting Administrator Sean Duffy (@SecDuffyNASA) October 26, 2025
Сепак, веднаш пристигнаа критики за веста и Икс по некое време додаде „забелешка на заедницата“ во која се наведува дека „ХТВ-Икс е јапонски вселенски брод, кој е направен од јапонска компанија, лансиран е од Јапонија и го фати јапонски астронаут кој користел канадска роботска рака“.
“Трамп е претседател на САД, не на Јапонија, и нема никакво влијание врз ХТВ-Икс, како што сугерира Дафи,“ пишува на Икс.
Инаку, проектот на јапонската вселенска агенција започна во 2015 година, пред првиот мандат на Доналд Трамп.






