понеделник, 8 декември 2025

Спортски сали за свињи во Германија: Лентата за трчање се активира со муцка

Наместо да им е здодевно во свињарник, свињите во Институтот за биологија на домашни животни во Дамерсторф во близина на Росток во Германија, сега имаат можност сами да тренираат.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Научниците тестираат иновативен концепт: доброволно тренирање на подвижна лента, со што се подобрува нивната кондиција и целокупното здравје.

Специјални сензори го снимаат отчукувањата на срцето, дишењето и нивото на напор за време на вежбањето, резултатите покажуваат дека свињите многу се разликуваат – некои се вистински „спортисти“, додека други се значително попасивни.

Животните ја активираат лентата со притискање на копчето со муцката, а во иднина би можеле и самите да ја отворат вратата на уредот.

Кога сакаат да застанат, свињите можат да ја запрат лентата или да излезат користејќи светлосна бариера. Сè се одвива доброволно, без никаква принуда.

Истражувачите сметаат дека ваквиот начин на движење може значително да придонесе за подобро здравје на животните.

Дополнително, системот за автоматско следење може да им помогне на земјоделците рано да ги откријат болестите, додека подобрувањето на квалитетот на месото се наведува како дополнителна придобивка.

Во моментов, ова е експериментален проект, но доколку се покаже успешен, „свинските спортски сали“ би можеле да станат стандард во современото сточарство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ