„Она што е потценето – и она што секогаш го нагласувам – е физичката активност. Редовното вежбање го намалува ризикот од деменција“, изјави д-р Реди.
И не било каква активност – туку онаа која вклучува координација на рацете и очите, како пинг-понг.
Спортови што го тренираат мозокот
Како што старееме, деловите од мозокот одговорни за координацијата, брзината на реакција и просторната ориентација природно ослабуваат – особено по 60-тата година. Без доволно движење и правилна исхрана, мозокот „ја губи врската“ со телото.
Спортовите како пинг-понг, тенис или дури и бадминтон се исклучително корисни бидејќи бараат истовремено движење, концентрација и брзи реакции.
“Мозокот мора да ги следи движењата на рацете и телото, не само во линија на видот, туку и кога топката се движи надвор од вашето видно поле. Ова се тешки ситуации кои буквално активираат повеќе региони на мозокот одеднаш”, објаснува терапевтот Џенифер Пакард за Харвард Хелт Паблишинг.
Токму оваа сложена координација на движењето и фокусот може да помогне во спречувањето на когнитивниот пад и дегенеративните болести како што се Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.
Вежбање и социјална поврзаност: комбинација што го продолжува животот
Друг важен елемент на спортовите како тенисот или бадминтонот е друштвената компонента. Нема ништо поубаво од рекреативна игра на пинг-понг со пријател или неделна сесија на тениско игралиште со дружење и смеа.
„Постарите пациенти често ми кажуваат дека им недостига вежбањето не затоа што сакаат да се потат, туку затоа што сакаат повторно да ги видат своите пријатели, да се вратат во својот тим“, вели д-р Реди.
Истражувањата потврдуваат дека социјалните контакти се подеднакво важни за здравјето како и физичката активност – тие помагаат во одржувањето на менталната рамнотежа, го намалуваат ризикот од депресија и буквално го продолжуваат животот.
Не мора да биде комплицирано
„Луѓето често мислат дека здравјето и долговечноста бараат комплицирани режими. Но, не мора да биде така“, рече Реди. „Доволна е една активност што ве движи, го ангажира вашиот мозок и ве прави среќни.“
Може да биде тенис со пријатели, повремена игра на пинг-понг во дом за стари лица или рекреативен бадминтон во училишната теретана. Поентата е да се движите – и во тој процес да се поврзете со другите.






