„Добро утро, свету“, соопшти агенцијата, објавувајќи снимки направени од астронаутите на мисијата „Артемис 2“ на нивниот пат кон Месечината. Фотографиите даваат уникатен поглед на нашата планета од вселената.
We see our home planet as a whole, lit up in spectacular blues and browns. A green aurora even lights up the atmosphere. That’s us, together, watching as our astronauts make their journey to the Moon. pic.twitter.com/6JkKufBgtJ
— NASA (@NASA) April 3, 2026
Ја гледаме нашата планета во целост, осветлена во спектакуларни сини и кафеави нијанси. Зелените поларни светлини ја осветлуваат дури и атмосферата.
Мисијата „Артемис 2“ претставува прв лет со екипаж до Месечината по повеќе од пет децении. Вселенското летало ја напушти Земјината орбита по успешно согорување на моторот. Заменик на помошник администраторот на НАСА, Лори Глејз, на прес-конференцијата изјави:
„Дами и господа, многу сум возбудена што можам да ви кажам дека за прв пат од 1972 година, за време на Аполо 17, човечки суштества ја напуштија Земјината орбита.“
НАСА објасни дека овој маневар го става екипажот „во траекторија на слободно враќање“, што значи дека ќе ја користат гравитацијата на Месечината за да се вратат на Земјата.






