Персоналот во музејот почна во вторникот да склопува еден од двата пронајдени чамци на кралот Куфу, долг 42 метри направен од 1.650 дрвени парчиња, пренесува Асошиејтед прес. Проектот, кој се одвива покрај веќе еден склопен чамец, се очекува да трае околу четири години, изјави шефот на реставрација Иса Зејдан.
Кеопс, кој владеел пред повеќе од 4.500 години, е познат по изградбата на Големата пирамида во Гиза.
„Денес сте сведоци на еден од најважните проекти за реставрација на 21 век“, рече египетскиот министер за туризам и антиквитети Шериф Фати.
Големиот египетски музеј, отворен минатиот месец и прогласен за најголем во светот, е дом на речиси 50.000 артефакти, вклучувајќи ги и богатствата од гробницата на Тутанкамон.
Музејот се наоѓа во близина на пирамидите и се очекува да ги зголеми приходите од туризам во Египет.
Чамецот е откриен во 1954 година, веднаш до јужната страна на Големата пирамида, а работата за ископување на неговите дрвени делови започна во 2014 година. Експертите веруваат дека чамците биле користени за транспорт на телото на фараонот за време на погребот или за неговото патување во задгробниот живот со богот на сонцето Ра.






