понеделник, 8 декември 2025

Спејсекс го одложи пробниот лет на старшип поради технички проблеми

Компанијата Спејсекс на милијардерот Илон Маск го откажа лансирањето на десеттата мисија на ракетата „старшип“ од Тексас поради технички проблеми на местото на лансирање.

Фото: Спејсекс

Објавено на

часот

Сподели

Одложувањето се случи по серија неуспеси за време на претходните тестови оваа година, повторно одложувајќи ги клучните развојни пресвртници за ракетата, пренесува Ројтерс.

Ракетата „супер хеви“, висока 70,7 метри, и нејзината горна фаза на „старшип“, висока 52 метри, беа на лансирна рампа во објектот „Старбејс“ на Спејсекс, додека се полнеа со гориво пред полетувањето.

Сепак, околу 30 минути пред закажаното лансирање, Спејсекс објави на социјалната мрежа Икс дека лансирањето е одложено поради проблеми на местото на лансирање.

Како и во претходните случаи, компанијата изјави дека се надева дека ќе може да го реши проблемот и повторно да се обиде да со лансирање денеска.

Компанијата, исто така, изјави дека се надева дека „старшип“ ќе биде подготвен за мисии што вклучуваат слетување на Месечината, со поддршка од НАСА, најверојатно во 2027 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ