недела, 13 јули 2025

Спас за растенијата за време на горештини: Во водата за наводнување задолжително додадете необична состојка

Во топлите и суви периоди, растенијата што растат во саксии на тераси се особено изложени на стрес поради ограничениот пристап до вода. Високите температури и недостатокот на влага брзо ја исцрпуваат нивната виталност, поради што често ја губат свежината и предвремено венеат.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, постојат едноставни, но ефикасни начини за заштита на растенијата од неповолни временски услови и одржување на нивното здравје и убавина дури и во најтоплите денови.

Според Вејн Деленио, експерт од Монотаб, компанија специјализирана за одгледување печурки, водата збогатена со печурки може да биде вредна помош во одржувањето на оптимална влажност на почвата и хранливите материи.

Тој советува да исечкате ситно една рака свежи или суви печурки и да ги потопите во кофа со вода и да ги оставите да отстојат 24 часа. По зајдисонце, почвата се наводнува директно до корените на растенијата со оваа течност.

„Без разлика дали се свежи или суви, печурките се природни сунѓери кои содржат помеѓу 85 и 90 отсто вода. Кога ќе ги потопите во вода за наводнување, печурките делуваат како резервоар на влага. Водата збогатена со печурки полека ја ослободува влагата во почвата, со што се намалува испарувањето во текот на најжешкиот дел од денот“, објаснува Делени.

Освен што помага во зачувувањето на влагата, оваа габична вода природно ја збогатува почвата со минерали како што се калиум, селен, магнезиум и фосфор. Овие елементи им помагаат на растенијата да ги компензираат загубите предизвикани од топлински стрес, без да предизвикаат штетни ефекти карактеристични за вештачките ѓубрива.

Од особена важност е ослободувањето на мицелиум, мрежа од габични нишки кои личат на корени. Кога мицелиумот се внесува во почвата, тој го поттикнува развојот на корисни габи кои ѝ помагаат на почвата да ја задржи влагата и им олеснуваат на растенијата да ја апсорбираат. Присуството на габи во градината е знак за здрава почва и ефикасно разградување на органската материја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ