Овие роботи сè уште не се тестирани на луѓе, но успешно функционирале во експерименти со свињи и овци, пренесува Свис инфо.
Во моментов, многу болести, како што се мозочен удар или тумори, бараат големи дози на лекови кои патуваат низ целото тело, што го зголемува ризикот од несакани ефекти.
Новиот микроробот го решава овој проблем благодарение на сферична гел капсула во која можат да се вградат лекови. Капсулата е опремена со наночестички на железо оксид, кои можат да се контролираат однадвор со магнетни полиња. Кога роботот ќе стигне до целната локација, капсулата се загрева со високофреквентно магнетно поле, што предизвикува растворање на гелот и ослободување на лекот.
„Неверојатно е колку крв се пумпа низ нашите крвни садови и со која брзина. Нашиот навигациски систем мора да биде способен да се справи со сето ова“, изјави Фабијан Ландерс, истражувач на ЕТХ Цирих и главен автор на студијата.






