Ова е често прашање, особено кога не планирате да купите сет од четири нови гуми, туку само две нови покрај двете стари.
Експертите од автомобилската индустрија, вклучувајќи го и техничкиот менаџер на „Мишлен“ за Велика Британија, Брајан Портеус, ја нагласуваат важноста на стабилноста на возилото при возење.
Според него, најважно е возилото да остане стабилно во права линија, бидејќи таму е најголемиот ризикот од губење на контролата.
Затоа се препорачува секогаш да се поставуваат нови гуми на задните тркала, без разлика дали автомобилот е со погон на предни, задни или четири тркала.
Поставувањето нови гуми одзади ја зголемува стабилноста на возилото, особено при поголеми брзини, што е клучно за безбедно возење.
Кога возилото е стабилно, само тогаш може да се фокусира на други аспекти како што се сопирањето и држењето на правец.
Доколку старите гуми на предните тркала не ги исполнуваат овие услови, се препорачува да се заменат.
Најдобриот совет е да не штедите на безбедноста и, доколку е можно, да инвестирате во комплет нови гуми – сите четири. Ова ќе обезбеди максимална безбедност и оптимални перформанси на возилото на пат.