Богатството на Џанг Јиминг се проценува на околу 60 милијарди долари.
Според индексот на Блумберг објавен во четвртокот, Јиминг моментално е 24-та најбогата личност во светот.
Листата на милијардери на Форбс и „Списокот на богати Хурун“, кои ги рангираат најбогатите поединци во Кина, исто така ја потврдија неговата позиција како најбогат Кинез.
Блумберг го проценува неговото богатство на 57,5 милијарди долари, додека Форбс го проценува на 65,5 милијарди долари.
Џанг Јиминг (42) го основаше Бајт денс во 2012 година, вредноста на компанијата надмина 400 милијарди долари во јануари 2025 година.
Покрај ТикТок, Бајт денс поседува и популарни мобилни апликации како КапКута, Цигуа Видео и Дојин.