вторник, 9 декември 2025

Сопственик пронашол украдено Ламборџини со помош на вештачка интелигенција

Опсегот на вештачката интелигенција во пракса: Неверојатна приказна доаѓа од Калифорнија, каде што Ендру Гарсија, сопственик на украден Ламборџини Хуракан ЕВО, успеал да го пронајде своето возило по две години – со помош на алатките на Гугл и ЧетГПТ.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Автомобилот бил украден во 2022 година, заедно со неколку други супер-автомобили, преку манипулација со документација за лажно изнајмување.

Додека другите жртви успеале да си ги вратат возилата, Ламборџинито на Гарсија исчезнало без трага сè до моментот кога на неговиот Инстаграм пристигнала порака со фотографии од автомобилот: „Дали го продадовте овој автомобил?“.

Кога добил потврда дека тоа е негово возило, Гарсија започнал приватна истрага. Ги поставил фотографиите на ЧетГПТ и ги комбинирал со алатките за гео-локација на Гугл, што му овозможило да открие траги што водат до Денвер, Колорадо.

Полицијата била известена и набрзо го пронашла автомобилот. Портпаролот на Управата за спречување на кражба на автомобили во Колорадо, Кејл Гулд, го пофали проактивното истражување на Гарсија и истакна дека собраниот материјал е многу корисен.

Истрагата за тоа кој го поседувал Ламборџинито во Колорадо сè уште е во тек, но случајот веќе покажува колку вештачката интелигенција може да го промени начинот на кој се решаваат и дури и најтешките злосторства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ