На бродот се наоѓаат космонаутите Сергеј Куд-Сверчков и Сергеј Микајев, како и астронаутот Кристофер Вилијамс, пренесува РИA Новости.
Се очекува вселенското летало од третата фаза на ракетата да се одвои 8 минути и 49 секунди по полетувањето, по што ќе биде поставено во орбита. За време на пристапот кон станицата, треба да направи двe обиколки околу Земјата и да стигне до МСС за околу 3 часа и 10 минути.
Како индикатори за бестежинска состојба, екипажот донесе две плетени фигури на мачка и космонаут.
Мисијата на екипажот на Сојуз МС-28 на МСС е планирано да трае 242 дена. Во рамките на рускиот програм ќе се спроведат повеќе од 40 експерименти, вклучувајќи двe излегувања во вселената во април и јуни. Во секојдневната работа, на екипажот во пробен режим ќе му помага и вештачка интелигенција ГигаЧет на компанијата Сбер.






