понеделник, 8 декември 2025

Социјален експеримент кој ќе ве натера да размислите: Кога се создаваат предрасудите?

Во најраните години децата го градат својот поглед кон светот – тогаш, без да знаат, ги учат и предрасудите. Тие не се вродени, туку се стекнуваат преку семејството, училиштето, друштвото… Децата ги имитираат возрасните, ги повторуваат нивните зборови и ставови, дури и кога не ги разбираат.

Објавено на

часот

Сподели

Психолозите велат дека децата од 2–4 години забележуваат разлики (како боја на кожа или јазик), но не ги вреднуваат. Дури подоцна, по шестата и седмата година, под влијание на околината, почнуваат да кажуваат дека нешто е „чудно“ или „погрешно“ само затоа што е различно.
Околу тинејџерската возраст предрасудите може да се зајакнат или намалат, во зависност од влијанието на врсниците, образованието и контактот со различни групи.

Со цел да ја потврди тезата дека предрасудите се учат, Телеком направи едукативен социјален експеримент.
Погледнете го видеото и видете што кажаа децата:

Психолозите советуваат: зборувајте со децата за различностите на позитивен начин. Развивајте толеранција, емпатија и почит.

Да научиме поинаку. Да ги надминеме предрасудите за да вистински се поврземе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ