Ако сакате да ставите крај на овие несакани гости во вашиот дом, постојат неколку евтини решенија. Експертот Крис Хатон споделува три трикови за хумано отстранување на мравките од домовите.
Оцет
Според Крис, оцетот е одлично решение за чистење и иако може да се користи за отстранување бигор и чистење на прозорците, може да се користи и за одвраќање на инсектите – вклучувајќи ги и мравките. Тој советува: „Прскајте раствор од еднакви делови оцет и вода околу влезните точки, патеките на мравките и познатите области на наезда. Ова ги раскинува нивните мирисливи патеки и ги спречува мравките да се вратат“.
Етерични масла
Како и белиот оцет, одредени есенцијални масла, вклучително и масла од нане, чајно дрво и цитрус „се природна заштита од мравки“, според Крис. Но, наместо чиста употреба на етерични масла, експертот предложил нивно мешање со вода.
За да се збогувате со мравките во вашиот дом, едноставно измешајте неколку капки есенцијални масла со вода и испрскајте го растворот низ вашиот дом. Фокусирајте се на користење околу рамки на вратите, прозорците и отворите каде што најверојатно ќе влезат мравките.
Цимет
Иако многумина од нас користат цимет за печење и готвење, се покажало дека може да се користи и за одбивање на инсекти. Посипувањето мелен цимет на или околу патеките на мравките може да го наруши нивниот мирис, што може да ги спречи да влезат во домовите. Тоа е безбеден, нетоксичен метод кој ќе ве чини евтино.