недела, 7 декември 2025

Словенечки град воведува шумска терапија во својот образовен систем

Шумската терапија, практика што вклучува долги прошетки во природа и за која се верува дека помага во намалување на стресот, намалување на крвниот притисок и зајакнување на имунитетот, се воведува во словенечкиот образовен систем во градот Накло.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Биотехничкиот центар Накло ја предводи иницијативата за интегрирање на шумската терапија во наставната програма, како и за организирање работилници, објави денеска словенечката новинска агенција СТА.

Здравствените придобивки од оваа практика делумно се припишуваат на фитонцидите, природни антимикробни соединенија што ги ослободуваат дрвјата, за кои научните истражувања покажаа дека можат да го намалат воспалението во телото.

Истражувањата од Јапонија и Јужна Кореја укажуваат на други позитивни ефекти, како што се намалена анксиозност, подобрена меморија и концентрација и подобар сон.

Програмата во Накл, наменета за студенти и вработени, ја води Мојца Логар, членка на првата генерација сертифицирани водичи за шумска терапија во Словенија.

„Шумската терапија вклучува прошетки со водич низ шумата во траење од два до три часа, за време на кои систематски ги отвораме сите пет сетила. Преку вежби за дишење и внимателност, се стремиме учесниците да постигнат состојба на релаксација и да ги примат позитивните ефекти од природата“, изјави Логар.

Иако здравствените придобивки се потврдени, сè уште не е познато кога шумската терапија ќе биде дел од официјалниот здравствен систем во Словенија.

Логар наведува дека оваа практика е глобален тренд и едноставно, ефикасно решение за современиот човек во потрага по рамнотежа на телото, умот и духот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ