Инцидентот се случил во понеделник наутро додека човекот шетал низ шумата во близина на населбата Завратец кога одеднаш се појавила мечка и почнала да трча кон него, човекот немал каде да избега, па ги кренал рацете и почнал да рика како мечка, пренесува РТВ Словенија.
Мечката застанала на околу два метри од него, потоа се повлекла.
Медиумите пренесуваат дека сето тоа се случило на околу 100 метри од најблиските куќи во населбата.
Човекот за порталот 24УР изјавил дека станува збор за женка мечка со младенчиња и рекол дека имал неверојатна среќа што завршило на тој начин.
„Знаеме многу инструкции, од преправање дека сме мртви, но кога ќе наидете на мечка, реагирате најдобро што можете. Кога ги кренав рацете, ги раширив нозете и имитирав рикање, мислам дека тоа имаше ефект да ја натера мечката да застане“, рече тој.
Управниот суд на Словенија на почетокот на овој месец ја одложи одлуката за убивање на 206 мечки, експертите предупредуваат дека без убиства ќе има уште конфликти меѓу луѓето и мечките.






