понеделник, 8 декември 2025

„Словенци, бидете горди зашто не одите на геноцидниот Евросонг“

Поранешниот грчки министер за финансии, економист и публицист Јанис Варуфакис во две распродадени вечерни програми во Цанкарјев дом во Љубљана ја поздрави одлуката на Словенија да се повлече од натпреварувањето за песна на Евровизија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Варуфакис во Цанкарјев дом се осврна на актуелната расправа околу Евровизија и ја поздрави одлуката на Словенија да се повлече од тоа натпреварување.

„Додека слетував денес на аеродромот во Љубљана, бев благодарен што вашата земја е една од четирите европски држави што во последните 48 часа се ‘прославија’ со одбивањето да учествуваат на геноцидната прослава Евровизија. Словенија треба да биде горда. Јас би сакал и мојата земја да има храброст да стори истото“, рече Варуфакис, кој неодамна го откажа своето гостување во риечкото Хрватско народно казалиште.

Како причина наведе дека се повлекува во знак на солидарност со кампањата за бојкот на културните институции што соработуваат со израелски уметници, во време кога, како што тврди, трае геноцидот врз палестинскиот народ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ