вторник, 16 декември 2025

Синот на Доналд Трамп ја објави свршувачката со моделот Бетина Андерсон (ВИДЕО)

Најстариот син на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп Помладиот, се сврши со манекенката Бетина Андерсон по една година врска, пренесува Пејџ Сикс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Андерсон неодамна беше видена со дијамантски прстен на раката, портпаролот на двојката ја потврди веста за свршувачката.

Откако беше објавена информацијата, се појави видео од Белата куќа на кое американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја објавува свршувачката.

Во таа прилика, тој го покани парот на подиум, каде Доналд Трамп Помладиот ѝ се заблагодари на Бетина Андерсон за прифаќањето на неговиот предлог.

Доналд Трамп Помладиот порано беше во брак со Ванеса Трамп, со која се ожени во 2005 година во Мар-а-Лаго и со која има пет деца, а се разведеа во 2018 година.

По разводот, Трамп Помладиот беше во врска со поранешната водителка на Фокс њуз, Кимберли Гилфојл, со која се сврши во 2020 година.

Нивната врска заврши минатата година, отприлика во периодот кога Трамп Помладиот за прв пат беше виден јавно со Андерсон.

Кимберли Гилфојл моментално е амбасадор на САД во Грција. Доналд Трамп Помладиот и Бетина Андерсон, модел и ќерка на филантропите Хари Лој Андерсон Помладиот и Ингер Андерсон, за прв пат беа фотографирани заедно во Палм Бич во август минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ