Фотографијата, направена во Шпанија, прикажува неколку крави како опкружуваат „чудотворно“ дрво, на 17 август 2025 година, во градот Сото де Вињуелас, Трес Кантос (во регионот Мадрид).
Сепак, објаснувањето не е толку „чудесно“: тоа е едно од ретките дрвја во регионот што обезбедувале сенка за добитокот, па кравите редовно наоѓале засолниште таму, пренесува Сити магазин.
На тоа место ја паселе тревата и ја газеле почвата оставајќи ја гола. Токму оваа природна чистина служела како противпожарна бариера, спречувајќи ги пламените јазици да стигнат до дрвото и на тој начин спасувајќи ги и кравите и малата лента зеленило околу него, додека целата околина горела.
За Шпанците, ова дрво стана симбол на надеж по трагедијата со пожарот што го опустоши Трес Кантос на 11 август, но и потсетник за важноста на пасењето и одржливото управување со шумите со цел да се спречат вакви разорни пожари во иднина.






