Шопска салата е традиционално бугарско јадење, кое потекнува од околината на Софија. Името потекнува од името на бугарското племе Шопи кои живеат во близина на Софија.
Крцкава и шарена, шопската салата е направена со зрели домати, краставици, печени пиперки, кромид и бело сирење, сето тоа зачинето со маслиново масло и оцет. Боите на состојките го симболизираат бугарското знаме, а нејзиниот вкус и едноставност ја прават неопходна летна храна во регионот.
Си-ен-ен истакнува дека салатите го одразуваат духот и идентитетот на една земја – шопска салатата, иако носи бугарско име, има статус на локална легенда во многу делови од Балканот.
На листата се најдоа и грчката хоријатики, италијанскаата панзанела, француската нисоаз, американските Коб и Цезар, либанското табуле, тајландскиот сом там и јапонската суномоно.