петок, 16 мај 2025

Швајцарците развија роботи од храна за риби (ВИДЕО)

Истражувачки тим од Лозана разви робот направен од храна за риби кој може да собира податоци за квалитетот на водата или да дистрибуира хранливи материи и лекови во водни средини, објави Федералниот институт за технологија во Лозана (ЕПФЛ).

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Роботот е долг околу пет сантиметри и има облик на брод, пренесе Свис Инфо. Направен е од храна за риби што се меле во прав и се меша со желатин за да се формира цврста структура. Истражувачите го презентираа своето откритие во списанието Нејчр комуникејшнс.

Во внатрешноста на роботот има мала комора со лимонска киселина и сода бикарбона, кои произведуваат јаглерод диоксид во реакцијата. Ослободениот гас ја турка течноста низ мал канал, а кога таа течност ќе стигне до површината на водата, го намалува површинскиот напон и го движи роботот.

Според податоците на ЕПФЛ, роботот може слободно да се движи по површината на водата неколку минути. Иако нема далечински управувач, истражувачите развија варијанти кои вртат лево или десно, овозможувајќи доволно контрола за распоредување на водата.

Неговиот начин на движење наликува на однесувањето на инсектите на вода, што, според научниците, може да биде предност за различни еколошки и медицински примени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ