недела, 7 декември 2025

Што се крие во составот на готовата супа

Брзо, едноставно и навидум практично – супата од кесичка, кај нас нашироко позната како „готова супа“, е омилено решение за многумина кога немаат време да готват. Но што се крие во готовата супа?

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Во денешниот брз живот, времето често е најголемиот адут. Наутро брзаме на работа, попладне вршиме обврски, а навечер едвај чекаме да легнеме на каучот и да се одмориме. Во таквото секојдневие, често нема време за готвење здрави оброци, па затоа многу луѓе посегнуваат по брзи и лесни решенија, како што се готовите супи.

Но она што е скриено во составот на готовата супа може сериозно да го загрози вашето здравје, предупредуваат експертите.

Научниците го анализирале влијанието на индустриски преработената храна врз стареењето на клетките и откриле дека готовите супи се меѓу најштетните производи. Тие содржат големи количества натриум, шеќер, заситени масти и засилувачи на вкус, кои ги стимулираат воспалителните процеси во телото и ги оштетуваат клетките.

Чинијата готова супа може да содржи помеѓу 800 и 1.000 мг натриум, што е речиси половина од препорачаниот дневен внес. Ова доведува до задржување течности, надуеност и притисок врз бубрезите, а на долг рок може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања.

Иако подготовката е брза, цената што ја плаќате е вашето здравје. Покрај солта, овие супи содржат тестенини од бело брашно, транс-масти и вештачки ароми, кои дополнително го оптоваруваат телото. Транс-мастите се особено штетни, бидејќи го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања и дијабетес. Покрај тоа, брзо сварливите јаглехидрати, како оние што се наоѓаат во гризот од бела пченица, брзо се претвораат во шеќер и можат да придонесат за зголемување на телесната тежина. Редовната консумација може да придонесе за развој на метаболички синдром и други хронични заболувања.

Иако конзервансите и адитивите прават супите од кесичка да траат подолго, нивната долготрајна консумација може да има негативни здравствени последици. Некои од овие адитиви, како што е мононатриум глутамат (МСГ), можат да бидат поврзани со разни здравствени проблеми кај чувствителните луѓе. Важно е да се знае дека долготрајната употреба на овие хемикалии не е без ризици.

Наместо да посегнувате по кесичката, одвојте малку време за домашна супа направена од свежи состојки. Така не само што ќе го контролирате количеството сол и масти, туку ќе му обезбедите на вашето тело и вистинска хранлива вредност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ