Научниците веруваат дека разбирањето на овие разлики би можело да помогне и други луѓе да живеат подолго и поздраво, пренесува Сајенс алерт.
Новите сознанија укажуваат дека поволните биомаркери во крвта на овие долговечни луѓе почнуваат да се појавуваат уште од 65-годишна возраст. Иако сè уште не е целосно јасно како точно овие биомаркери влијаат врз здравјето или колку се поврзани со гените или начинот на живот, тие можат да имаат заштитна улога против стареењето и болестите.
Еден од најдеталниот генетски и физиолошки преглед беше извршен оваа година во Шпанија на примерок од над стогодишната Марија Брањас, која доживеа 117 години. Анализите на нејзината крв покажале здрави маркери на имуниот систем и исклучително ниско ниво на „лош“ холестерол, а клетките на нејзиното тело се однесувале како да се значително помлади отколку што таа навистина била.
Интересно е што нејзините теломери – заштитните капачиња на краевите од хромозомите кои се поврзуваат со ризикот од смрт – биле многу кратки. Иако обично се смета дека пократките теломери укажуваат на постара биолошка состојба, кај најстарите луѓе оваа особина можеби не е неповолна, па дури може да има улога во спречувањето на ширењето на ракот.
Масни киселини за долг живот
Покрај тоа, студиите од Кина покажале дека стогодишниците имаат пониско ниво на масни киселини и други метаболити во крвта во споредба со помлади лица, што исто така би можело да биде поврзано со подолг живот.
Научниците сметаат дека еден ден овие биомаркери би можеле да се користат во крвни тестови кои би го предвидувале биолошкото време на живот или би служеле како „часовници на долговечноста“.
Иако крвта е исклучително сложена и сè уште не постои еден сигурен тест што би можел да предвиди колку долго ќе живее некој, научниците веруваат дека проучувањето на крвта на долговечните луѓе може да помогне во идентификување на оние кои забрзано стареат и кои се изложени на поголем ризик од прерана смрт.
Медитеранската исхрана како клучен фактор
Студиите дури покажале дека младата крв може да влијае врз стареењето на клетките на кожата, додека метаболитите поврзани со стареењето често зависат од исхраната, што сугерира дека нутритивните интервенции можат да придонесат за поздраво стареење. Марија Брањас се хранела со медитеранска исхрана богата со јогурт, а нејзиниот цревен микробиом бил исклучително „млад“, што може да биде дел од нејзиниот успех во достигнувањето на долговечноста.
Иако геномот игра важна улога во очекуваниот животен век, гените не се судбина – животната средина и начинот на живот исто така значително влијаат на животниот век. Научниците се надеваат дека истражувањата врз стогодишниците и суперстогодишниците еден ден ќе овозможат создавање нови лекови или препораки за начин на живот што би можеле да им користат на сите.






