понеделник, 8 декември 2025

Шпански град забрани вдомување црни мачки за време на Ноќта на вештерките

Шпанскиот град Тераса во североисточна Каталонија привремено забрани посвојување црни мачки од засолништа за да се спречи можно темно „ритуално“ користење на овие мачки за време на Ноќта на вештерките.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Сите барања за привремено згрижување или вдомување на овие мачки ќе бидат одбиени до 10 ноември, за да се заштитат мачките од повреди или неодговорна употреба, соопшти локалната служба за заштита на животните, пренесува Би-би-си.

Заменик-градоначалникот Ноел Дјук изјави за телевизијата Еспања дека барањата за посвојување црни мачки обично се зголемуваат околу Ноќта на вештерките.

Иако во западната култура црните мачки често се поврзуваат со вештерство и се сметаат за лоша среќа, во многу други култури, вклучувајќи ги Јапонија и Египет, тие се сметаат за симболи на просперитет и среќа.

Управата на Тераса истакна дека нема евиденција за суровост кон црните мачки во градот, но дека имало инциденти во други области, па затоа одлуката е донесена по предупредувањата од групите за заштита на животните.

Се обидуваме да спречиме луѓето да вдомуваат мачки само затоа што е тоа во тренд или од импулс.

„Во вакви случаи, за кои знаеме дека постојат, сакаме да спречиме какви било ритуални практики“, рече Дјук.

Управата на градот нагласи дека оваа мерка е „привремена и исклучителна“ и дека претставува мерка на претпазливост за доброто на животните, но не е исклучено дека забраната ќе се повтори во иднина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ