Студијата, објавена во списанието „Сајантифик Рипортс“, ги разгледа доминантните видови алги во регионот и за прв пат ја измери количината на јаглерод што го апсорбираат алгите во овие подводни екосистеми, пренесува Еуроњуз.
Според резултатите од Португалскиот интердисциплинарен центар за морски и еколошки истражувања и Центарот за морски и еколошки науки, шумите од алги складираат околу 16,48 гигаграми јаглерод на површина од 5.189 хектари, површина еквивалентна на повеќе од 5.000 фудбалски терени.
Сепак, студијата предупредува дека процесот наречен тропикализација (размена на видови поради затоплување на морињата) веќе влијае на португалските води, што би можело да доведе до намалување на биодиверзитетот.
„Процесот на тропикализација е веќе откриен во португалските води, што го загрозува поврзаниот биодиверзитет, како и еколошките придобивки што ги обезбедуваат овие шуми, вклучително и нивната способност да го заробуваат и складираат јаглеродот, придонесувајќи за ублажување на климатските промени“, изјави Франциско Аренас, еден од авторите на студијата.
Истражувачите предлагаат насочени политики за следење, заштита и обновување на овие морски живеалишта, истакнувајќи ја нивната важност и како складишта на јаглерод и како клучни живеалишта за морските екосистеми.






