вторник, 16 декември 2025

Шокантно откритие од научниците! Овој полуостров се врти во насока на стрелките на часовникот: Милиметар по милиметар кон судир

Пиринејскиот полуостров, познат и како Ибериски, на кој се наоѓаат Шпанија и Португалија, се врти, со брзина на полжав, но сепак се врти. Во која насока? Во насока на стрелките на часовникот. Причина? Судирот на две огромни Земјени плочи.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Ова го утврди геологот Асиер Мадариета од Универзитетот во Баскија заедно со својот тим. Мадариета и неговите колеги анализирале податоци од земјотреси и сателитски податоци од западниот Медитеран.

Нивната цел била попрецизно да ја опишат активната граница помеѓу Евроазиската и Африканската плоча. Нивната студија беше објавена во стручното списание Гондвана рисрч.

Милиметар по милиметар кон меѓусебен судир

Истражувачите ги комбинираа полињата на напон од податоците за земјотреси со полињата на деформација; тие беа забележани преку прецизни сателитски мерења од крајот на 1990-тите. Ова им овозможило да утврдат до кој степен Земјината кора е компресирана и деформирана помеѓу јужна Шпанија и северозападна Африка. Мадариета објаснува: Евроазиската и Африканската плоча се движат една кон друга за неколку милиметри годишно. Тоа доведува до постојана напнатост долж границата на плочите.

Токму таа напнатост меѓу плочите влијае на Иберискиот Полуостров на таков начин што Шпанија и Португалија полека се вртат во насока на стрелките на часовникот, пренесува Билд.

Бројни помали земјотреси се случуваат на самиот Ибериски Полуостров. Тектонските структури што ги предизвикуваат сè уште не се целосно разбрани. Новите податоци треба да покажат кои области бараат детално геолошко и геофизичко мапирање за да се идентификуваат раседите и да се процени нивната насока на движење, како и потенцијалната магнитуда на земјотресот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ