недела, 7 декември 2025

Шокантно откритие: Научниците го проучувале спиењето, лошиот и нередовен сон е одговорен за појавата на 92 болести

Со анализа на податоците за спиењето на 878.461 лице од базата на податоци на Био-банка на Велика Британија, научниците открија значајна врска помеѓу спиењето и 172 болести. Истражувањето го водеа тимови од Универзитетот во Пекинг и Универзитетот за воена медицина.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Научниците откриле дека редовноста на спиењето – како што се сличните времиња за спиење и стабилноста на циркадијалниот ритам – не е препознаен, но е критичен фактор на ризик за болеста, пренесува СајнсДејли.

Користејќи податоци за актиграфија собрани во просек од 6,8 години, истражувачите идентификувале дека кај 92 болести, повеќе од 20 отсто од ризикот се припишуваат на лошите навики за спиење. Значајно откритие беше дека нередовното време за спиење (повеќе од половина час по полноќ) е поврзано со 2,57 пати зголемен ризик од цироза на црниот дроб, додека ниската меѓу дневна стабилност го зголемува ризикот од гангрена за 2,61 пати.

Студијата ги оспорува претходните тврдења дека долгото спиење, кое трае повеќе од 9 часа, е штетно. Додека субјективните извештаи го поврзуваа долгото спиење со мозочен удар и срцеви заболувања, објективни податоци ја открија оваа поврзаност само кај една болест.

„Нашите наоди го истакнуваат занемареното значење на редовниот сон. Време е да ја прошириме нашата дефиниција за добар сон за да не биде поврзан само со неговото времетраење“, изјави професорот Шенгфенг Ванг, еден од авторите на студијата.

Тимот потврди неколку асоцијации кај популациите во САД и идентификуваше воспалителни патишта како можна биолошка врска. Идните истражувања ќе ја испитаат причинско-последичната врска и ќе го проценат влијанието на интервенциите за спиење врз исходите од хронични болести.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ