“Ова е единствено и многу посебно откритие. Постојат само 12 вакви магнум шишиња, а оваа шише е едно од нив”, изјави шефот на винарија во Брун Расмусен, Томас Розендал Андерсен, претставувајќи ја оваа ретка шише шампањ, пренесува парискиот дневен весник Фигаро.
Според него, шишето, кое во моментов се чува во еден приватен подрум за пијалаци, би можело да привлече и љубители на вино и колекционери кои копнеат по кралски спомени.
„Купувачот би можел да биде класичен колекционер на вино кој се забавува додавајќи го и ова шише во својата колекција, но исто така и колекционер на кралски предмети поврзани со принцезата Дијана“, рече Розендал Андерсен.
Според него, за ваков вид на ретки шишиња со пијалак се спроведуваат неколку тестови, вклучувајќи осветлување на шишето за да се провери дали содржината има убава, чиста боја.
„Сегашниот сопственик на шишето шампањ, колекционер кој сака да остане анонимен, го купил од лондонски дилер. На аукција во 2008 година, американската аукциска куќа Херитиџ аукшнс го продала овој магнум за околу 12.000 долари. Ова шише ќе биде повторно понудено на аукција што ќе се одржи на 11 декември во Конгенс Лингби, предградие на Копенхаген“, рече Розендал Андерсен.
Овој шампањ, од 1961 година, годината на раѓање на Дијана, беше етикетиран за нејзината венчавка со принцот Чарлс, која се одржа на 29 јули 1981 година.
Се проценува дека овој магнум Дом Перињон ќе достигне цена помеѓу 67.000 и 80.000 евра на аукција.
„Шампањското е во одлична состојба. Сите шишиња вино што ги продаваме на аукција претходно се тестирани и анализирани“, додаде тој.






