Стручњаците препорачуваат едноставни, но ефективни чекори кои можат да го подобрат вашето здравје и да го намалат крвниот притисок. Еве шест клучни навики што можете да ги прифатите веднаш:
Повеќе движење
Не мора да поминувате часови во вежбална – дури и малите зголемувања на физичката активност носат значителни придобивки. Експертите од Џонс Хопкинс Медицина советуваат најмалку 30 минути аеробна активност во повеќето денови во неделата. Брзо одење, пливање или возење велосипед се одличен избор, дури и кратки прошетки можат да имаат позитивен ефект.
Релаксација
Секојдневниот стрес може негативно да влијае на крвниот притисок, но едноставните техники на дишење можат да помогнат. Експертите препорачуваат длабоко дишење низ носот четири секунди, а потоа издишување шест секунди. Оваа техника промовира релаксација и го намалува нивото на кортизол, хормонот на стресот. Истражувањата покажаа дека редовното ангажирање со хоби помага да се релаксираат умот и телото, што позитивно влијае на здравјето на срцето.
Ограничување на времето поминато на мобилен телефон
Прекумерното користење на екранот е поврзано со зголемен крвен притисок и зголемен стрес. Обидете се да одвоите време без екран, особено пред спиење или за време на оброците. Ограничувањето на разговорите на телефон може да го намали и ризикот од висок крвен притисок, пренесува Бест лајф.
Квалитетно спиење
Недостатокот на сон е една од водечките причини за висок крвен притисок. Експертите од клиниката Мајо предупредуваат дека помалку од седум часа сон дневно може да го зголеми ризикот од хипертензија. Обидете се да воспоставите конзистентен распоред за спиење и избегнувајте екрани пред спиење.
Умерено консумирање алкохол
Прекумерното консумирање алкохол може да има негативен ефект врз крвниот притисок. Според упатствата на ЦДЦ, жените не треба да консумираат повеќе од еден пијалак дневно, а мажите не повеќе од два пијалаци дневно.
Намалете го внесувањето на сол
Исхраната богата со сол може да го зголеми крвниот притисок, па затоа е важно да ги прилагодите вашите навики во исхраната. Стручњаците препорачуваат диета која вклучува повеќе овошје, зеленчук, цели зрна и помалку преработена храна богата со сол.