недела, 7 декември 2025

Се преправала дека е луда за да ја открие вистината: Како американска новинарка откри систем на злоупотреба

Есента 1887 година, 23-годишната новинарка на Њујорк ворлд, Елизабет Џејн Кокран, позната по псевдонимот Нели Блај, прифатила задача што малкумина би ја прифатиле. За да ги разоткрие условите во женскиот азил за ментално болни во Блеквелс Ајленд, таа морала да докаже дека е луда.

Фото: Скриншот Јутјуб

Објавено на

часот

Сподели

Таа се сместила во женски пансион во Њујорк, каде што почнала да се однесува дезориентирано и вознемирено. Нејзиниот настап бил толку убедлив што лекарите и судот брзо заклучиле дека е ментално болна. Таа била испратена во лудница на островот Ист Ривер, каде што жените често го поминувале остатокот од својот живот, без преглед, терапија или можност да докажат дека се здрави.

Она што Блај го виде таму ја шокираше неа, а подоцна и целата земја. Пациентите биле неухранети, изложени на студ, капени во ледена вода и тепани. Храната била скапана, а креветите полни со болви. Персоналот ги навредувал, многу од жените, се покажало дека воопшто не биле болни – туку сиромашни, мигрантки или едноставно несакани.

Десет дена подоцна, уредникот на весникот Њујорк ворлд ѝ обезбедил ослободување. Таа се вратила во канцеларијата со тетратка полна со белешки и веднаш почнала да пишува серија статии кои подоцна биле објавени под наслов „Десет дена во лудница“.

Статиите привлекле огромно внимание од јавноста и политичарите. Властите во Њујорк формирале посебна комисија која го обиколи душевниот дом, ги потврдила нејзините наводи и нареди низа реформи: подобрена исхрана, греење, обука на персоналот и редовни медицински прегледи. Градот Њујорк издвоил дополнителни 1 милион долари за установи за ментално здравје – огромна сума во тоа време.

Со својот текст, Нели Блај ја демонстрираше моќта на новинарството да ја промени реалноста, но и храброста на една жена да ја ризикува својата слобода и здравје за да ја открие вистината. Таа влезе во лудницата како „луда жена“, а излезе како новинарка која ја потресе Америка и иницираше реформи што спасија илјадници други.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ