четврток, 25 декември 2025

Се појави монголска верзија на познатата божиќна песна Ѕвончиња ѕвонат (ВИДЕО)

Иако Монголија веројатно не е првата земја што ви паѓа на ум кога ќе помислите на Божиќ, тоа е дел од шармот на оваа интернет сензација. Песната, од холандскиот диџеј со турско потекло Умет Озџан, е уникатна комбинација од монголско грлено пеење, техно ритми и божиќен класик стар над 150 години.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Се чини дека интернетот го пронајде совршеното решение оваа година – сосема нова, необична изведба на класичната песна „Jingle Bells“ – Ѕвончиња ѕвонат, која ги освои срцата на милиони слушатели низ целиот свет.

Преработката брзо беше прогласена за „најдобрата верзија досега“, а многумина коментираа дека „шопингот би бил многу позабавен ако ова се слушаше во продавниците“.

Приказната за тоа како настанал хитот започнала кога Озџан објавил краток клип од неговото грлено пеење, кој веднаш станал вирален. Поттикнат од неверојатните реакции и, како што вели тој, „лудите барања“ од публиката, тој решил да ја сними целата песна и музички спот во кој танчари во традиционални монголски носии танцуваат на неговиот нов хит, пренесува Унилад.

Песната собра милиони прегледи за само неколку дена, а Озџан ја објави и на Спотифај за да може секој да ја додаде во своите божиќни плејлисти.

Дел од привлечноста на песната лежи во нејзината единствена употреба на грлено пеење, традиционален стил на пеење од пространите монголски рамнини. Во оваа техника, пејачот ги манипулира гласните жици за да произведе два тона истовремено, создавајќи хипнотичка мелодија.

Коментирајќи го својот иновативен божиќен хит, Умет Озџан изјави: „Ова започна како забавна идеја… и благодарение на вашите луди барања, се претвори во целосна песна и музичко видео. Се надевам дека ова ќе донесе барем малку топлина и радост во деновите пред Божиќ.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ