понеделник, 8 декември 2025

Сцена од филм која речиси ќе го убиеше Џим Кери: За малку ќе умрев (ВИДЕО)

Кон крајот на деведесеттите, Џим Кери снимал филм кој барал максимална посветеност, но во исто време го ставил во многу опасна ситуација. Иако бил опкружен со професионалци и безбедносни мерки, за време на едно снимање се нашол во момент кога помислил дека може да го загуби животот.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за снимањето на филмот „Шоуто на Труман“ (The Truman Show) во режија на Питер Веир, во кој последната сцена го прикажува Труман како се бори со бура на море. Кери морал да падне во водата додека силни бранови и ветрови, создадени од огромни машини, го удирале неговиот брод.

„Носев волнена облека – голем волнен џемпер, волнени панталони и чевли, тие имаа млазни мотори што дуваа кон мене и огромни машини за бранови што создаваа бури“, изјави Кери за Венити фер во 2018 година, пренесе списанието Фар аут. Тој додаде дека, оптоварен од влажната волна, почнал да тоне и ја подигнал тупаницата во знак за помош, но нуркачите „мислеле дека е глума“.

„Не можев да земам воздух – се давев. Бев под вода на дното од базенот“, откри актерот. Со последниот здив и „последното навестување на свеста“, тој успеал, како што рече, да направи „неколку огромни потези“ и да доплива до ѕидот каде што била насликана границата на светот на Труман. Припиен до работ, тој чекал да престане невремето, а кога конечно бил забележан, екипата се упатила кон него.

„За малку ќе умрев“, изјави Кери.

Режисерот Веир потврди дека Кери не претерува. „Инцидентот во базенот во студиото Јуниверзал за кој Џим се осврнува се случи токму онака како што рече Џим“, изјави режисерот, додавајќи: „Непотребно е да се каже дека ги променивме безбедносните процедури“.

Иако вознемирен и исплашен, Кери снимил уште неколку сцени потоа, Веир целата ситуација ја опиша како „крајно сериозна, благо кажано“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ