Четири навики што треба да ги избегнувате, дури и ако сте голем љубител на кафе.
- Пиење кафе на празен стомак
Иако е честа утринска практика, кафето на празен стомак може да го иритира желудникот и да го зголеми лачењето киселина. Тоа може да доведе до киселини, мачнина и непријатност во стомакот. Идеално е кафето да го пиете по појадок или барем со мал оброк.
- Претерување со количината
Повеќе кафе не значи и повеќе енергија. Прекумерното внесување на кофеин може да предизвика нервоза, забрзано чукање на срцето, несоница и пад на концентрацијата. Стручњаците советуваат умереност, 2 до 3 шолји дневно се сосема доволни.
- Кафе доцна навечер
Ако пиете кафе во доцните попладневни или вечерни часови, можете да го нарушите сонот, дури и ако мислите дека кофеинот „не делува на вас“. Лошиот сон влијае на расположението, имунитетот и енергијата наредниот ден.
- Премногу шеќер и додатоци
Кафе полно со шеќер, сирупи и слатки додатоци може брзо да стане калориска бомба. Наместо тоа, обидете се постепено да го намалите шеќерот или да се одлучите за поприродни алтернативи.
Кафето само по себе не е лошо – напротив, може да има одредени придобивки. Клучот е во начинот и времето на консумирање. Со мали промени во навиките, можете да продолжите да уживате во кафето без грижа на совеста.






